Достапни линкови

САД спроведуваат воена операција во Сомалија


Пентагон соопшти дека американската армија спроведува операција во Сомалија. Портпаролот на Пентагон, адмиралот Џон Кирби вчера соопшти дека САД очекуваат резултати од операцијата и оти ќе соопштат повеќе детали „кога ќе биде соодветно“. Не беа соопштени никакви детали за операцијата. Американската телевизија Си Би Ес вчера објави дека се работи за воздушни напади против милитантите на ал-Шабаб. Претходниот ден оваа организација, која е поврзана со Ал Каеда, нападна добро обезбедуван затвор во главниот град Могадишу во обид да ги ослободи екстремистите кои се затворени таму. Во нападот беа убиени сите седуммина тешко вооружени милитанти, а загинаа и тројца војници и двајца цивили.

XS
SM
MD
LG