Достапни линкови

Иран се надева на договор со западот за нуклеарната програма


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави дека е „прилично оптимист“ дека Техеран и шесте светски сили можат да постигнат договор за иранската контроверзна нуклеарна програма. Тој ова го изјави по вчерашните разговори со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон во Брисел. Зариф рече дека ситуацијата треба да се реши до крајниот рок 24 ноември.

„Се надевам дека со подготвеноста и политичката волја што ја гледам кај сите страни во овие разговори, ќе најдеме решение во наредните три месеци“, рече тој.

Иран е во интензивни разговори со претставници на Германија, Франција, САД, Велика Британија, Русија и Кина од минатата година за ограничување на нуклеарната програма на Техеран во замена за олеснување на меѓународните економски санкции против Иран. Властите во Техеран тврдат дека нуклеарната програма е само цивилна.

XS
SM
MD
LG