Достапни линкови

logo-print

Могерини задоволна од европскиот курс на Молдавија


Италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини, која ќе биде новата шефица на европската дипломатија, ја пофали Молдавија за изборот на „патот кон Западот“. Таа додаде дека Кишињев исто така одржува „добри односи со Истокот“. Таа ова го изјави по вчерашната средба со министрите за надворешни работи на Литванија, Малта, Романија, Хрватска и со други европски претставници во главниот град на Молдавија. Молдавската влада ги зајакна економските и политички врски со ЕУ со потпишувањето на Спогодбата за асоцијација во јуни годинава. Тој потег ја налути Москва, која во јули воведе рестрикции за увоз на многу молдавски производи. Могерини вчера телефонски разговарала и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров „за меѓународни прашања, вклучително и за кризата во Украина“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Критичарите ја обвинуваат Могерини дека е премногу блиска до Русија.

XS
SM
MD
LG