Достапни линкови

logo-print

Уругвај го стопира преземањето затвореници од Гвантанамо Беј


Трансферот на шестмина затвореници од американскиот воен затвор Гвантанамо Беј во Уругвај барем привремено е откажан. Уругвајските власти вчера соопштија дека нема да бидат подготвени да ги преземат шестемина затвореници уште најмалку два или три месеци, односно по претседателските избори во земјата што треба да се одржат кон крајот на октомври. Уругвајскиот претседател Хозе Мујица претходно се согласи да преземе шестмина затвореници како хуманитарен гест, но анкетите спроведени во јули покажуваат дека две третини од Уругвајците се противат на тоа. Шестемина затвореници – четворица Сиријци, Тунижанец и Палестинец, не беа обвинети за ништо, а властите велат дека тие не претставуваат опасност.

XS
SM
MD
LG