Достапни линкови

Малики - Ирак ќе стане голема гробница за исламистичките милитанти


Ирачкиот премиер во заминување, Нури ал-Малики.

Ирачкиот премиер во заминување, Нури ал-Малики.

Ирачкиот премиер во заминување, Нури ал-Малики, вчера ненајавено го посети неодамна ослободениот град Амирли. Државната телевизија објави снимки на кои Малики го пофали доминантно туркменското шиитско население кое ја издржа двомесечната опсада од милитантите на Исламската држава. Малики рече дека Ирак ќе стане „голема гробница“ за исламистичките милитанти. Курдските сили Пешмерга, шиитските милиции и ирачките владини сили, поддржани од американската авијација, ја разбија опсадата на Амирли на 31 август и ги протераа милитантите на Исламската држава од областа. Ројтерс објави дека курдски командант и жителите на соседната заедница Сулејман Бег потврдиле оти во борбите во областа биле вклучени и ирански советници кои им помагаат на ирачките владини сили.

XS
SM
MD
LG