Достапни линкови

logo-print

Тројца американски затвореници во Северна Кореја дадоа интервју


Илустрација: Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Илустрација: Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Тројца американски државјани, затворени во Северна Кореја, дадоа интервју во кое побараа од американската влада да помогне во нивното ослободување. Севернокорејската влада го организираше нивното вчерашно интервју за странските медиуми. Тројцата мажи, од кои еден е осуден на 15-годишна затворска казна, рекоа дека ги третираат хумано, но побараа од американските власти повеќе да се вклучат во преговорите за нивно ослободување. Двајца од затворените рекоа дека очекуваат да бидат изведени пред суд за еден месец, но никој не знае за што точно ќе бидат обвинети. Северна Кореја тврди дека тие извршиле непријателски активности и го прекршиле нивниот статус на туристи. Третиот маж, корејско-американскиот мисионер Кенет Бае, беше затворен во ноември 2012 година и осуден на принудна работа. Тој рече дека се движи меѓу болницата и работничкиот логор.

XS
SM
MD
LG