Достапни линкови

logo-print

Убиени три деца во Кина на првиот школски ден


Кинеските власти соопштија дека еден маж убил три деца, а шест лица биле повредени за време на нападот на основно училиште во покраината Хубеи. Според нив, напаѓачот ги избодел децата со нож, пред да се фрли од прозорот на четвртиот кат на училиштето.

Напаѓачот бил еден од родителите кои присуствувале на првиот школски ден.Во Кина имаше серија на напади во градинките и основните училишта, а виновниците најчесто се или ментално болни личности или пак се гневни на општеството.

XS
SM
MD
LG