Достапни линкови

Турција бара објаснување за наводите за шпионажа


Турското министерство за надворешни работи денеска повика на разговор американски дипломат поради извештаите во медиумите дека Вашингтон ги шпионирал турските лидери. Вицепремиерот Булент Аранч изјави дека го повикале дипломатот со цел да добијат објаснување за извештаите. Дер Шпигел објави дека американската агенција за безбедност вршела масовно прислушкување на турските лидери од 2006 година, повикувајќи се на документи обезбедени од Едвард Сноуден.

XS
SM
MD
LG