Достапни линкови

logo-print

Печалбарството ги испразни училиштата во Струга и Охрид


Во Струга и Охрид годинава се запишале помалку ученици. Надлежните велат дека една од причините е печалбарството.

Поради се почестото заминувањето на стружани во странство струшките основни и средни училишта се празнат. Годинава има намалување на бројот на запишани првачиња во однос на минатата година. Но, она што е фрапантно како податок и кој што ги загрижува локалните власти е што од вкупно регистрираните 1.247 ученици според матичната книга на родените кои требало да се запишат во прво одделение, бројот на запишани е само 572, што е за 60 отсто намалување.

Имаме намалување поради иселувањето во странство. И сигурно дека тоа не загрижува.

Сурија Рушити, раководител на секторот за образование во Општина Струга, вели дека една од причините за намалениот број на ученици е иселувањето во странство.

Илустрација.

Илустрација.

„Имаме намалување поради иселувањето во странство. И сигурно дека тоа не загрижува.

РСЕ: Што ќе се прави на тој план, ќе имате ли активности?

Кај нас имавме пет професори и сега баравме начин како на некои од колегите да им го пополниме фондот на часови да дојдат до 22 часови. И тоа го правиме со некои дополнителни активности.

„Се зависи од јавната свест. Тоа е поголем проблем и не зависи само од нас како општината. Потребни се развојни планови за да се спречи иселувањето и да се отворат можности за луѓето и тоа е општа појава. Ние не можеме да влијаеме кај луѓето како општина и ние според нашите надлежности правиме што можеме“, рече Рушити.

И во средните училишта во градот сликата е иста. Во Гимназијата Ибраим Темо има намалување на бројот на ученици оваа ова година за 10-15 проценти во паралелките на сите наставни јазици.

Сето ова не загрижува, но печалбарството го прави своето. Ученици се отпишуваат и заминуваат во Италија, Австрија,Америка и Германија.

„Според нашите податоци, главни факти за тоа е одењето во странство на луѓето, потоа младите не се одлучуваат да раѓаат деца.

РСЕ: Ве загрижува ли тоа?

Да, бидејки секоја година доаѓаат се помал број на ученици. Кај нас имавме пет професори и сега баравме начин како на некои од колегите да им го пополниме фондот на часови да дојдат до 22 часови. И тоа го правиме со некои дополнителни активности“, рече Џеладин Муча директор на Ибраим Темо.

Муча вели дека поради намалување на бројот на ученици не дошло до отпуштање од работа на наставници.

„Нема отпуштање на наставници бидејќи им бараме на тие наставници со помал број на часови часови на други места. Имаме договор со Нико Нестор, со Лабуништа и со другите основните училишта, каде тие наставници таму имаат по неколку часови, вели Муча.

Шкалким Алиу директор на основното училиште Браќа Миладиновци вели дека имало случаи на отпишување на ученици кои со родителите заминувале во странство.

„Ситуацијата во училиштето со првачињата е што во паралелките на албански јазик има 75 првачиња,10 првачиња се на турски јазик и на македонски јазик има 50 првачиња. Сето ова не загрижува, но печалбарството го прави своето. Ученици се отпишуваат и заминуваат во Италија, Австрија,Америка и Германија, вели Алиу.

Намалување на ученици има и во Охрид, каде бројот на првачиња е исто така намален. Жаклина Лазареска професор и советник од СДСМ вели дека имало драстично намалување на бројот на запишани првачиња во однос на минатите години. И во Охридската гимназија Свети Климент Охридски за прв годинава има пет параллеки со помалку од 25 ученици.

„Охрид старее и се повеќе личи на град на пензионери. Ова се факти на кои ќе мора не така бегло да преминеме. Ова се факти кои ја одразуваат суровата вистина за нашиот град. Советниците од позиција и опозиција , градоначалникот, стручните лица сите треба да се вклучиме во креирање заедничка стратегија за спасување на животот во Охрид.

XS
SM
MD
LG