Достапни линкови

Газда Нини не ги познавал Груевски и Заев


Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини.

Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини.

Јовица Стефановиќ Нини денеска сведочеше на првиот ден од главниот претрес од случајот Груевски против Заев. Тој рече дека не ги познава лично ниту Зоран Заев ниту Никола Груевски, нагласувајќи дека Груевски го познавал само како премиер, но немал никакви лични контакти со него.

Сведокот изјави дека не го познава ниту Ден Дончев, за кого Сдсм тврди дека е гласот кој се слуша на аудио снимката, и кажа дека не дал поткуп, а акциите на Македонска Банка ги купил на берза, каде што никогаш не се знаело кој е продавач а кој купувач.

Одбраната претходно побара да се повлече нивното барање за сослушување на Нини, бидејќи според нив неговото сведочење било единствено релевантно во контекст на аудио снимката и сведочењето на Дончев, кои судот ги отфрли како докази. Тужителот инсистираше Нини да сведочи и да не се прифати барањето за повлекување.

Судот го одби барањето на тужениот Заев а судијката Весна Коловска рече дека одлуката ќе ја образложеле подоцна во пресудата. Адвокатот на Заев, Мирослав Вуиќ рече дека случајот веќе добива трагикомичен карактер и може да се насети каква ќе биде и конечната судска одлука.

XS
SM
MD
LG