Достапни линкови

Штајнмајер: Без изненадувања за Македонија на Самитот на НАТО


На самитот на НАТО не очекувам изненадувања во однос на приемот на Македонија во Алијансата, изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер, на форум со граѓани во германското МНР.

Запрашан од Дојче веле, можно ли е поради ситуацијата во Украина, Македонија и покрај противењето на Грција, да го добие полноправното членство во Алијансата, тој наведе дека не е во состојба да прогнозира што уште ќе донесе тековната седмица. Би можел да кажам дека овој НАТО-самит го подготвивме колку што беше возможно.

Ќе се одлучува за многу неопходни работи што се однесуваат на Балтичките држави. Што се однесува до проширувањето, доколку се погледне во документите, се гледа дека има различен напредок кај различните партнери од Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG