Достапни линкови

Газда Нини се појави во Судот Скопје 2


Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини.

Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини.

Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како газда Нини денеска се појави во Основниот суд Скопје 2, каде што треба да сведочи во случајот во кој премиерот Никола Груевски го тужи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за клевета.

Предвиден е распит на двајцата главни актери во процесот- тужителот Груевски и на тужениот Заев за случајот Македонска банка и обвинувањата на лидерот на СДСМ дека премиерот земал мито, како и дека директно учествувал во некои финансиски малверзации.

Адвокатите на Заев ги предложија Ден Дончев и Јовица Стефановиќ –Нини, за сведоци. Судот прифати како сведок да се појави газда Нини, но како доказ го отфрли телефонскиот разговор во кој наводно премиерот Груевски и друг човек се договараат за продажбата на Македонска банка. Подготвителното рочиште се одржа на 3 јули, кога ниту Груевски ниту Заев не се појавија за судскиот процес во случајот „Македонска банка“.

XS
SM
MD
LG