Достапни линкови

Демонстрантите ја напуштија државната ТВ во Исламабад


Полицијата ги растера анти - владините демонстранти во Пакистан кои претходно навлегоа во седиштето на државната телевизија во Исламабад. Тие, според извештаите си заминале мирно и програмата на националниот канал и на англиски јазик е повторно воспоставена.

Поддржувачите на опозицискиот лидер Имран Хан и на популистичкиот свештеник Тахир ул-Кадри протестираат во главниот град на Пакистан од 15 август барајќи оставка од премиерот Наваз Шариф. Тие го обвинуваат за местење на изборите од 2013 година на кои дојде на власт.

XS
SM
MD
LG