Достапни линкови

Лавров - руската војска нема да интервенира во Украина


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска изјави дека руската војска нема да интервенира во Украина. Киев и Запад пак тврдат дека Москва веќе интервенирала.

НАТО неодамна процени дека најмалку илјада руски војници биле во во источниот дел на Украина, каде про-рускиот сепаратисти се борат со украинските сили. Лавров изјави дека на денешната средба на Контакт групата во Минск треба да се побара итен прекин на огнот.

Според планот на украинскиот претседател Петро Порошенко, сепаратистите треба да се разоружаат што, според Москва пак, значи дека да си дозволат да бидат уништени.

Лавров порача дека САД и ЕУ мора да го поттикнат Киев да ги повлече владините сили она позиции од кои нема да можат да стрелаат врз цивили.

XS
SM
MD
LG