Достапни линкови

Состанок на контакт групата за Украина


Ukraine -- A Ukrainian national flag and emblem are seen with ammunition on the armoured vest of an Ukrainian serviceman at a checkpoint in Debaltseve, in Donetsk region, August 2, 2014

Ukraine -- A Ukrainian national flag and emblem are seen with ammunition on the armoured vest of an Ukrainian serviceman at a checkpoint in Debaltseve, in Donetsk region, August 2, 2014

Контакт групата за Украина денеска во Минск треба да одржи седница. Според руската новинска агенција ИТАР-ТАСС, и претставници на т.н. Народна Република Доњецк ќе присуствуваат на состанокот. Контакт група е составена од претставници од Русија, Украина и ОБСЕ.
Состанокот доаѓа на еден ден откако про-руски сепаратисти во источна Украина тврдат дека погодиле украински поморски брод во Азовското Море. Вчера рускиот претседател Владимир Путин за Руската телевизија изјави дека треба да се разговара за „државноста на Југоисточна Украина со цел да се заштитат интересите на луѓето кои живеат таму“. Потоа портпаролот на Путин, Дмитри Песков рече дека изјавата на Путин не значи дека Кремљ го поддржува суверенитетот на Доњецк или на Луханск. Песков изјави дека регионите треба да останат дел од Украина.

XS
SM
MD
LG