Достапни линкови

Стартува изградба на руско-кинески гасоводот


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во сибирскиот град Јакутс ќе присуствува на церемонијата со која ќе се означи почетокот на изградба на гасоводот кон Кина. Во сибирскиот град ќе присуствува и кинескиот заменик-премиер Џанг Гаоли. Предвидено е гасоводот годишно да носи 38 милијарди кубни метри гас во. Првата фаза од гасоводот се очекува да биде завршена до 2017 година. Алексеј Милер, шеф на Газпром, рече дека гасоводот, исто така, ќе донесе дополнителни резерви на гас во области во јужниот дел на Сибир и рускиот Далечен Исток.

XS
SM
MD
LG