Достапни линкови

Пакистан - Армијата повика на мирно решавање на кризата


Пакистански воени претставници ги повикаа владата и демонстрантите мирно да ги надминат разликите и соопштија дека армијата има улога „во осигурување на безбедноста во земјата“.

Ова беше соопштено по состанокот на армиските генерали во Равалпинди на кој разговараа за кризата до која дојде по судирите меѓу илјадници антивладини демонстранти и безбедносните сили во близина на парламентот и домот на премиерот Наваз Шариф во Исламабад.

Поддржувачите на опозицискиот лидер Имран Хан и на популистичкиот свештеник Тахир ул-Кадри завчера ноќта се обидоа да упаднат во куќата на Шариф. Тројца луѓе беа убиени, а стотици повредени.

Демонстрантите кампуваат во главниот град на Пакистан од 15 август барајќи оставка од Шариф. Тие го обвинуваат за местење на изборите од 2013 година преку кои дојде на власт. Судирите низ Исламабад продолжија и вчера.

XS
SM
MD
LG