Достапни линкови

logo-print

Русија - истрага на Роналд Мекдоналд хаус черитис


Пратеник во руската Државна Дума, односно долниот дом на парламентот, повика на проверка на активностите на добротворната организација Роналд Мекдоналд хаус черитис. Рускиот весник Известија објави дека Андреј Крутов од партијата „Само Русија“ побарал од јавниот обвинител Јури Чајка да истражи како се користат парите на добротворната организација во Русија.

„Каде одат парите? Колку се сигурни сметководствените податоци?“, рекол Крутов.

Тој исто така тврди дека Рондалд Мекдоналд хаус черитис не е регистрирана како странски агент во руското Министерство за правда, иако е странска организација. Ова организација почна со работа пред 40 години и има цел да им помага на децата со здравствени проблеми. Известија објави дека организацијата негира какви било неправилности и вели дека се нејзините активности во Русија се целосно во согласност со руските законот.

XS
SM
MD
LG