Достапни линкови

Крај на проблемите со гасот во Киргистан?


Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев ги објави плановите за подобрувањето на снабдувањето со гас во земјата. Зборувајќи вчера, по повод киргистанскиот Ден на независноста, Атамбаев рече дека руската компанија Газпром на 1 октомври ќе почне да му продава гас на Киргистан по цена од 160 долари за 1.000 кубни метри, што е далеку поевтино од 224 долари за истата количина што Киргистан им ја плаќа на соседните земји.

Газпром оваа година ја купи државната киргистанска компанија за гас Киргизгаз за симболичен 1 долар и вети дека ќе инвестира стотици милиони долари во гасната инфраструктура во земјата. Атамбаев рече дека Газпром ќе изгради гасовод што ќе ги поврзува северен и јужен Киргистан и ќе почне истражување за гасни наоѓалишта во земјата. Киргистан купуваше гас од Узбекистан, а во последно време и од Казахстан. Киргистанските власти ги предупредија граѓаните да си купат јаглен за претстојната зима, а Атамбаев во своето обраќање предупреди дека проектите на Газпром нема да бидат готови до 2016 година.

XS
SM
MD
LG