Достапни линкови

Роснефт ќе инвестира 400 милијарди на Арктикот


Најголемата руска нафтена компанија Роснефт ќе инвестира околу 400 милијарди долари во проекти на Арктикот до 2030 година, најави директорот на компанијата Игор Сечин. Во интервју за германскиот магазин Дер Шпигел објавено вчера, Сечин вели дека има голем потенцијал за дупчење во Карското Море.

„Очекуваме таму да отвориме нова нафтена провинција чии резерви може да се споредуваат со докажаните резерви на Саудиска Арабија“, вели тој.

Сечин нотира дека Роснефт работи со американската компанија ЕксонМобајл на проект во Карското Море и додаде дека ЕксонМобајл бил доверлив партнер на проектите на Роснефт повеќе од 20 години. Тој проект со дупчење започна на 9 август по церемонијата на нафтена платформа во Карското Море на која претседателот Владимир Путин се обрати преку видео врска.

XS
SM
MD
LG