Достапни линкови

logo-print

Тревогата за вулканот Бардарбунга на портокалово


Илустрација - вулкан во Исланд.

Илустрација - вулкан во Исланд.

Исланд го намали нивото на тревога во близина на вулканот Бардарбунга на портокалово, што е за едно ниво пониско од најсериозното ниво. До намалувањето на нивото на опасност доаѓа откако по вчерашната нова ерупција на вулканот беше прогласено највисокото црвено ниво на опасност. Помала ерупција во истата област имаше и на 29 август. Таа ерупција траеше само неколку часа и тогаш не беше забележан пепел. Вулканскиот систем Бардарбунга на југоистокот на земјата предизвикува стотици потреси дневно од средината на август. Властите стравуваат дека вулканот може да почне да исфрла пепел и да го наруши авио сообраќајот во северната хемисфера. Во 2010 година, облакот од пепел од вулканот Ејафјалајокул, што е на друг дел на островот, шест дена го блокираше авионскиот сообраќај во поголемиот дел од Европа.

XS
SM
MD
LG