Достапни линкови

Американски сенатори побараа САД да ја вооружува Украина


Демократскиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси.

Демократскиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси.

Двајца познати американски сенатори побараа САД да ја вооружува Украина, која се бори против проруските сепаратисти и со руските сили во источна Украина.

Демократскиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси, кој е претседавач на сенатскиот комитет за надворешни односи, изјави дека на Украина ѝ треба оружје за да се бори, како што рече, против руската инвазија. Зборувајќи за Си Ен Ен од Киев, Менендез рече дека Вашингтон треба да ѝ обезбеди на Украина „видови на дефанзивно оружје што ќе му ги зголеми трошоците на Путин“.

Републиканскиот сенатор Џон Мекејн од Аризона за телевизија Си Би Ес реторички праша „Не можеме да им помогнеме на овие луѓе да се бранат? Ова не е упад, ова е инвазија“.

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама одбива да ги нарече руските активности во Украина инвазија. Москва ги негира тврдењата на западните земји и на НАТО дека има најмалку 1.000 руски војници во Украина.

XS
SM
MD
LG