Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напад во Рамади, 13 жртви


Најмалку 13 луѓе загинале, а 17 се повредени кога бомбаш самоубиец удрил со воено возило во една зграда во западниот ирачки град Рамади, соопшти ирачката полиција. Полицијата вели дека зградата во изградба се користела како база од страна на ирачките безбедносни сили. Ирачките сили се борат со исламските милитанти во Рамади и Фалуџа од јануари.

Бунтовниците на Исламската држава и нивните сунитски племенски сојузници ја контролираат Фалуџа, но Рамади е поделен и таму секојдневно има борби.

XS
SM
MD
LG