Достапни линкови

Либерија гради нови центри за третман на заболените од ебола


Либерија гради пет нови центри за третман на еболата, а секој од нив ќе има капацитет за 100 легла, објавија официјалните претставници на африканската земја која се бори да го спречи ширењето на најголемата епидемија во светот на оваа смртоносна болест. Од март досега од хеморагична треска загинаа повеќе од 1500 луѓе заразени и над 3.000 во Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија, Нигерија и Сенегал. Во моментов не постои широко достапна вакцина или лек, но раниот третман може да спаси животи. Болеста се пренесува преку крв, пот и повраќање на болните. Еболата се шири многу брзо меѓу здравствените работници кои честопати немаат опрема за да се заштитат од вирусот.

XS
SM
MD
LG