Достапни линкови

Во Турција засолниште побарале 16.000 ирачки Јазиди


Околу 16.000 ирачки Јазиди засолниште нашле во Турција, бегајќи од џихадистите во северен Ирак и оваа бројка може дополнително да се зголеми, се наведува во соопштението на валијата на округот Шарнак, во југоисточна Турција, Хасан Ипек. Бројката зборува за драстично зголемување на бегалците од оваа религиозна заедница во однос на последните познати податоци и покажува дека Турција е исправена пред уште еден голем бегалски бран паралелно со сириските бегалци, чиј број веќе достигна 1,2 милион лица. Јазидите засолниште нашле во југоисточниот турски округ Шарнак, што се граничи со Ирак, за да се спасат од џихадистичката група „Исламска држава“, која ја прогонува нивната заедница. Јазидите се малцинство, кое зборува курдски јазик, а кое практикува древна религија, што својот зародиш го има во Месопотамија пред повеќе од 4.000 години. Џихадистите Јазидите ги сметаат за „поклоници на Сатаната“.

XS
SM
MD
LG