Достапни линкови

Израел ќе припои 400 хектари земјиште од Западниот брег


Израел соопшти дека планира да преземе околу 400 хектари земјиште во палестинскиот Западен брег, вообласта околу Витлеем. На палестинските сопственици на земјиштето им се дадени 45 дена за да ја оспорат одлуката на Комитетот на Воениот суд на Израел. Воено-цивилната администрација соопшти дека одлуката била донесена како одговор на убиството на тројца израелски тинејџери во оваа област во јуни. Израел ги обвини милитантите на Хамас за убиствата. Израелската адвокатска гропа “Мир сега” изјави дека очекува Израел да го користи земјиштето за проширување на станбените единици во близина на населбата. Групата изјави дека овој потег претставува уште поголема закана за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

XS
SM
MD
LG