Достапни линкови

Рама во официјална посета на Белград


Конечно е потврдено дека албанскиот премиер Еди Рама на 22 октомври ќе престојува во официјална посета на Белград. Датумот на посетата лично го потврди и Рама, но и неговиот српски колега Александар Вучиќ, според кого на средбата ќе станело збор за многу битни прашања, но и за зголемување на извозот на срспки стоки во Албанија. Рама изјави дека албанската Влада е определена да соработува со сите земји во регионот во интерес на земјите и народите.

- Ќе го посетам Белград на 22 октомври. Тоа е чекор напред во правец на иднината. Имаме толку многу нешта да дискутираме, толку многу потенцијал за соработка. Треба да работиме сите во регионот за да обезбедиме, од оваа нова ера на Балканот, луѓето да имаат што поголеми придобивки, изјави Рама.

XS
SM
MD
LG