Достапни линкови

Претепан руски политичар


Руски политичар изјави дека е тешко претепан откако го објавил погребувањето на двајца војници, кои најверојатно умреле додека се бореле во Украина. Лев Шлосберг, кој ја претставува либералната опозиција во регионалното собрание во северозападниот град Псков изјави дека тој бил нападнат на 29 август вечерта во близина на неговиот дом. Во весникот на Шлосберг тој ја објавил истрагата од смртта на двајцата војници од минатата недела. Во извештајот се додава дека постојат траги за докази дека руските војници се убиени во источна Украина, како и контрадикторни негирања од страна на Москва дека се работи за воена поддршка на сепаратистичките бунтовници таму.

XS
SM
MD
LG