Достапни линкови

Кинескиот парламент ја отфрли отворената листа на кандидати за избори


Кинескиот парламент ги отфрли отворените номинации за избор на лидер во Хонг Конг. Постојаниот комитет на парламентот соопшти дека сите кандидати мора да добијат повеќе од половина од гласовите од посебно именуваната комисија. Со овој потег се очекува изборите да се ограничат на кандидатите од Пекинг. Одлуката веројатно ќе предизвика протести во Хонг Конг. Продемократските активисти во Хонг Конг побараа Пекинг да им дозволи на гласачите да го изберат нивниот главен извршен директор од отворена листа на кандидати. Тие се заканија дека ќе ја затворат бизнис-областа во градот со протести ако Пекинг не дозволи спроведувањ на вистински слободни избори. Пекинг пак ги предупреди активистите да не организираат неконтролирани протести.

XS
SM
MD
LG