Достапни линкови

Путин повикува на разговори за државотворноста во источна Украина


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во разговорите за ставање крај на конфликтот во источна Украина мора да се зборува и за државотворноста во тој регион. Во интервју за руската телевизија Канал Еден, Путин изјави дека треба веднаш да се почнат суштински разговори за прашања околу политичката организација на општеството и државотворноста во Југоисточна Украина, а се со цел заштита на законските интереси на луѓето кои живеат таму. Путин, исто така рече дека Москва не може да стои настрана, кога се пука на луѓето во Украина. Западот ја обвинува Русија за поддршка на про-руските сепаратистички бунтовници кои се борат со украинските владини сили. Москва ги негираше обвинувањата.

XS
SM
MD
LG