Достапни линкови

logo-print

Малолетник натепан во автобус на ЈСП


Вчера околу два часот по полноќ, во автобус на ЈСП со број 57 кој сообраќал на релација Центар – Радишани, настанала тепачка меѓу една група и едно седумнаесет годишно момче, соопштуваат полициските служби. Според информациите на МВР тепачката настанала откако неколкучлената група без повод и причини физички го нападнала малолетното момче. Во тепачката нападнат бил седумнаесетгодишниот К.К. од Скопје. Надлежните служби преземаат мерки за расветлување на случајот и откривање на напаѓачите.

XS
SM
MD
LG