Достапни линкови

Хејгел во посета на Грузија по самитот на НАТО


Пентагон најави дека секретарот за одбрана Чак Хејгел ќе ја посети Грузија откако ќе присуствува на самитот на НАТО во Велс следната недела. Хејгел ќе замине на шестдневна турнеја, која ќе почне со собирот на НАТО во Велс, каде што лидерите ќе разговараат за кризата во Украина и на Блискиот Исток и за тоа како да се зајакне Алијансата за во иднина. Хејгел потоа ќе замине за Грузија, земја која се обидува да добие членство во НАТО и која како што соопшти портпаролот на Пентагон ја дели нивната загриженост во врска со акциите на Русија во Украина. По Грузија, Хејгел ќе лета во Турција на неговата прва посета како шеф на Пентагон.

XS
SM
MD
LG