Достапни линкови

Американската армија ги нападна милитантите на Исламската држава


Американската армија соопшти дека борбени авиони и беспилотни летала ги нападнале милитантите на Исламската држава во близина на Мосул. Во соопштението објавено на 30 август, американската Централна команда соопшти дека петте последни воздушни напади биле во знак на поддршка на операциите извршени од страна на ирачките безбедносни сили. Официјални лица соопштија дека воздушните напади уништиле вооружено возило, борбената позиција, а уништено е и оружјето во зградата на Исламската држава. Централната команда соопшти дека извршила вкупно 115 воздушни напади низ Ирак. На друго место пак, ирачката армија и курдските сили затвориле исламски борци во обид да ја пробијат опсада на сунитските милитанти во шиитскиот град Амирли. Во исто време, Пентагон соопшти дека американската армија спровела воздушни напади и донела хуманитарна помош за жителите во Амирли. Повеќе од 15.000 луѓе се уште се заробени внатре.

XS
SM
MD
LG