Достапни линкови

Туск и Могерини на врвните позиции во ЕУ


Лидерите на ЕУ го избрале полскиот премиер Доналд Туск за нов претседател на Европскиот совет, а италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини за нов шеф на надворешната политика на ЕУ. Новите именувања беа објавени од страна на досегашниот претседател на Европскиот совет, Херман фон Ромпуј откако шефовите на држави на ЕУ се а во Брисел. На прес-конференција Туск изјави дека на ЕУ и треба храбра, но не радикална позиција во врска со конфликтот во Украина и дека крајната цел треба да биде мир. Могерини зборувајќи на истата прес-конференција, рече дека ЕУ мора да се задржи на патот кон дипломатско решение на украинската криза иако веќе работи на воведување нови санкции против Русија. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, ќе се повлече од функцијата на крајот на октомври.

XS
SM
MD
LG