Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Исламабад


Пакистанските официјални лица соопштија дека едно лице загинало, а неколку стотици се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во главниот град Исламабад. Полицијата употребила солзавец и гумени куршуми кон демонстрантите кои се обидувале да упаднат во резиденцијата на премиерот Наваз Шариф. Радио Машал соопшти дека припадници на полицијата се меѓу повредените. Илјадници демонстранти маршираа од парламентот, барајќи Шариф да се повлече. Демонстрантите тврдат дека победата на Шариф е резултат на голема изборна измама. Пред два дена Шариф уште еднаш изјави дека нема да си замине. Демонстрациите започнаа со марш во источниот град Лахоре на 14 август Водачите на протестите Имран Кан и Тахир ул-Кадри побараа милиони демонстранти да се приклучат, но засега толпата не е поголема од десетици илјади.

XS
SM
MD
LG