Достапни линкови

ЕУ подготвена за нови санкции кон Русија


Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, изјави дека претставниците на ЕУ во рок од една недела ќе подготват предлози за нови санкции кон Русија. Неговиот говор следи по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел. Германската канцеларка Ангела Меркел пред новинарите изјави дека ЕУ ќе наметне нови санкции доколку не постои промена во ситуацијата во Украина или ако состојбата се влоши. Сепак, се уште не е јасно кога всушност, може да се спроведат санкциите. Русија е трет по големина трговски партнер на ЕУ и еден од нејзините најголеми снабдувачи на нафта и гас. Борбите меѓу украинската војска и руските сепаратисти поддржани во источна Украина досега однесоа 2600 животи, според бројките на Обединетите Нации. НАТО проценува дека најмалку 1.000 руски војници се на територијата на Украина. Русија го негира тоа.

XS
SM
MD
LG