Достапни линкови

logo-print

Успешна размена меѓу руските и украинските војници


Руските медиуми објавија дека Украина ги предала десетте заробени руски падобранци, а Русија вратила 63 украински војници кои влегле во нејзината територија минатата недела.Размена на војниците се случила во раните утрински часови . Генералниот Алексеј Рагозин, заменик-командант на руските сили изјави дека падобранците биле предадени назад по "многу тешки" преговори.Руските медиуми објавија дека падобранците вратени на граничниот премин се испратени во Москва за медицински и психолошки третман.Украина минатата недела соопшти дека зароби 10 руски падобранци и ги претстави пред медиумите како доказ дека руската војска се бори заедно со проруските бунтовници во источниот дел на Украина. Русија тврдеше дека падобранците погрешно ја преминале неодбележаната област во граничниот дел додека биле на патрола.

XS
SM
MD
LG