Достапни линкови

logo-print

Романија испратила и втора номинација за нов еврокомесар


Романија испратила втора номинација за еврокомесар, освен онаа на досегашниот еврокомесар за земјоделие, Дачиан Чолош, пишува весникот „Гандул“, забележувајќи дека вториот предлог на Букурешт за еврокомесар е жена. Романскиот премиер Виктор Понта изјави дека дал втор предлог за еврокомесар, откако новоизбраниот претседател на Европската комисија Жан-Клон Јункер му пренел дека е малку веројатно задржувањето на досегашната функција за земјоделие. Според шпекулации во романските медиуми, втората номинација за еврокомесар се однесува на европратеничката од владеачката Социјалдемократска партија Корина Крецу.

XS
SM
MD
LG