Достапни линкови

Државниот долг надмина 40 отсто од БДП-то


Државниот долг на Македонија надмина 40 отсто од БДП-то. Според податоците на Министерството за финансии, државниот долг на крајот на јули изнесувал 3,303 милијарди евра, односно 40,8 отсто од Бруто домашниот производ. Ова е најголем долг на Македонија од 2002 година. Во конфликтната 2001 година задолженоста беше 48,8 отсто, а наредната 2002 година 42,9 отсто од БДП-то. Од тогаш државниот долг постојано е под 40 отсто. Најниска задолженост имаше во 2008 година од 20,6 отсто. Од тогаш државниот долг е зголемен за повеќе од 1,9 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG