Достапни линкови

Лидерите на ЕУ загрижени за украинската криза


Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, говорејќи по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Милано, изрази "длабока загриженост во врска со неодамнешната агресија против Украина од страна на редовни руските воени сили."

Ештон повика на "одржливо политичко решение кое го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина."

Се очекува лидерите на ЕУ да се договорат за построги санкции против Русија откако НАТО соопшти дека Москва сега има речиси 1.000 војници кои се борат за поддршка на сепаратистичките сили во источниот дел на Украина и на кои им испраќаат големи количини тешко оружје.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека ги очекува заклучоците на лидерите на ЕУ, кои најверојатно ќе се согласат за воведување на нови санкции кои можат да бидат наметнати на Русија ако таа продолжи да ги снабдува со оружје и да им овозможува на војниците да ја преминат украинската граница.

"Она што се случува во Украина е толку сериозно што ние ќе бидеме обврзани да реагираме со зголемување на нивото на санкции ако работите останат како што се “, изјави Оланд во пресрет на разговорите со неговите колеги.

XS
SM
MD
LG