Достапни линкови

Турција го слави Празникот на победата


Турција денеска го прославува Празникот на победата, со кој се одбележува 92-годишнина од битката кај Думлупинар во 1922 година, што е последната битка во воjната за независност на земјата. Истовремено, Празникот на победата е и празник на турската армија.Чествувањата почнаа со церемонија во мавзолејот на основачот на турската република Мустафа Кемал Ататурк, на која присуствуваа претседателот Реџеп Таип Ердоган, премиерот Ахмет Давутоглу, началникот на Генералштабот генерал Неџат Јозел, претседателот на Уставниот суд Хашим Калач, вицепремиерите Булент Аранч, Али Бабаџан, Јалчин Акдоган и Нуман Куртулмуш. Лидерот на главната опозициска партија Републиканско народната партија Кемал Калачдароглу, исто така, присуствуваше на церемонијата, но според информациите, подоцна нема де се вклучи во прославата во претседателската резиденција Чанкаја.


XS
SM
MD
LG