Достапни линкови

Најмалку 11 мртви во експлозија во близина на Багдад


Во експлозија предизвикана од бомбаш-самоубиец кој бил во автомобил полн со експлозив загинале најмалку 11 лица, а повредени 30, во град јужно од Багдад. Полициски и медицински извори соопштија дека нападотсе случил на главниот премин на северниот дел на влезот во градот Јусифија, на 15 километри од главниот ирачки град. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот. Во последните неколку недели Ирак ја засили воената кампања против милитантите на Исламската држава кои окупираа големи делови од земјата.

XS
SM
MD
LG