Достапни линкови

Ослободени двајцата руски чувари од амбасадата во Киев


Москва соопшти дека двајцата чувари во амбасадата на Русија во Киев кои беа приведени од страна на украинските власти под обвинение за оружје, се ослободени и вратени во Русија.Руското министерство за надворешни работи соопшти дека тоа уследило по преговорите со украинските власти. Министерството претходно изјави дека работниците во амбасадата биле уапсени на 28 август под сомнение дека носеле гранати кои ги оставиле во кафуле во Киев. Вработените, вклучувајќи го и личниот телохранител на рускиот амбасадор во Украина, биле притворени и покрај фактот што имаат дипломатски пасоши. Москва го нарече инцидентот "провокација" и побара ослободување на вработените. Засега нема официјална изјава во врска со пријавениот инцидент од украински официјални лица.

XS
SM
MD
LG