Достапни линкови

Уапсен Албанец од Косово на пат кон Сирија


Албанската полиција уапси државјанин на Косово, кој се обидувал од аеродромот во Тирана да отпатува преку Турција во Сирија, за да им се придружи на џихадистите, јавуваат приштинските медиуми. На аеродромот во Тирана уапсен е Ментор Зејнулаху (24). При апсењето, полицијата кај него пронашла камера и телефон со снимки од војувањата на џихадистите во Сирија, како и пораки и докази за комуникација со радикални групи, како што е Ал Нусра во Сирија. Телевизијата „Кохавизион“ соопшти дека Зејнулаху бил задолжен за регрутирање млади Албанци од Косово за војувување во Сирија.

XS
SM
MD
LG