Достапни линкови

logo-print

ММФ одобри парична помош за Украина


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го одобри пуштањето во оптек на речиси 1,4 милијарди долари како заем за да помогне во стабилизирањето на економијата на Украина и нејзината валута. Исплатата, одобрена во Вашингтон е втората фаза од пуштањето на средствата од двегодишниот кредит на ММФ за Киев. Украина доби 3, 2 милијарди во мај во првата транша од кредитниот пакет. Портпаролот на ММФ Гери Рајс го пофали Киев за досегашното исполнување на условите од програмата за заем. Рајс, исто така изјави дека сегашното ниво на помош од ММФ веројатно ќе треба значително да се промени доколку конфликтот во источна Украина се влошува. Даночните приходи од источниот регион се намалија, а Киев продолжува да троши пари за борба против сепаратистите.

XS
SM
MD
LG