Достапни линкови

logo-print

Амнести интернешнал бара Србија и Косово да спроведат истрага за исчезнатите лица


По повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица, кој се одбележува денеска, организацијата Амнести интернешнл ги повика Србија и Косово да спроведат брза, независна, ефикасна и непристрасна истрага против осомничените за присилни исчезнувања и киднапирања, извршени пред, за време и после оружениот судир во Косово во 1999 година. Меѓународната организација за заштита на човековите права во својот извештај истакнува дека и 15 години после завршувањето на конфликтот околу 1.700 лица се сметаат за исчезнати. Амнести наведува дека во Босна и Херцеговина 7.800 лица се водат за исчезнати, а во Хрватска 2000. Нивните семејства се уште чекаат да бидат пронајдени телата на нивните најблиски. Дури и во оние случаи кога телата се пронајдени и вратени на семејствата за да ги погребаат, многу мал број одговорни за киднапирање и исчезнување на луѓе биле изведени пред лицето на правдата.


XS
SM
MD
LG