Достапни линкови

Кери повика на глобална коалиција за борба против Исламската држава


Државниот секретар на Сoединетите Држави Џон Кери повика на "глобална коалиција" за борба против милитантите на Исламската држава кои окупираа големи делови од Сирија и Ирак. Во колумна објавена во "Њујорк тајмс", Кери повика на најширока можна коалиција на нациите за да се соочат со како што рече, геноцидната агенда на џихадистите. Неговите коментари се во пресрет на НАТО самитот во Велс кој ќе се одржи на 4 и 5 септември. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека се уште работи на сеопфатен план со кој ќе се победи исламската држава. Кери изјави дека по завршувањето на самитот, тој и министерот за одбрана Чак Хејгел ќе патуваат на Блискиот Исток да изградат поддршка меѓу земјите кои се директно загрозени од заканите на милитантите на Исламаската држава.

XS
SM
MD
LG