Достапни линкови

Формиран новиот кабинет на турскиот премиер Давитоглу


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу го именуваше неговиот нов кабинет, со неколку значајни промени од владата предводена од неговиот претходник, Реџеп Таип Ердоган. Вицепремиерот Али Бабаџан, кој бил одговорен за економски прашања во последните кабинет ја зачува својата функција, исто како и министерот за финансии Мехмет Шимшек, министерот за економија, Нихат Зибекчи i и министерот за енергетика Танер Јилдиз. Министер за европски прашања во заминување Мевлут Чавусоглу беше именуван за нов министер за надворешни работи, на местото на Давутоглу. Ердоган, кој положи свечена заклетва како првиот народно избран за претседател на Турција на 28 август, го избра Давутоглу, од владејачката Партија на правдата и развојот за да го наследи како премиер. Во Турција, претседателот има претежно церемонијална улога, но Ердоган вети дека ќе направи промена на уставот со што ќе му бидат овозможени поголеми овластувања.

XS
SM
MD
LG