Достапни линкови

Најмалку шест мрви во бомбашки напад во Авганистан


Бомбаш-самоубиец ја нападнал канцеларијата за разузнавање во источниот дел на Авганистан, при што загинале шест лица, а биле повредени најмалку 40. Портпаролот на гувернерот на провинцијата Нангахар изјави дека камион полн со експлозив ја разнел портата на канцеларијата на Националниот директорат за безбедноста во источниот град Џалалабад. Талибанските бунтовници веќе ја презедоа одговорност за нападот. Насилството се совпаѓа со политичкиот ќор-сокак во главниот град Кабул, каде што ривалските претседателски кандидати не успеаја да ги решат неколкумесечните спорови околу изборите и да го означат првиот демократски трансфер на власта во авганистанската историја. Повеќето странски војници треба да заминат до крајот на годината, но ќор-сокакот околу претседателските избори значи одложување на потпишувањето на безбедносен пакт со САД со кои се регулира колку војници ќе останат.

XS
SM
MD
LG