Достапни линкови

Британија стравува од терористички напад


Британскиот секретар за домашни работи Тереза Меј.

Британскиот секретар за домашни работи Тереза Меј.

Британскиот секретар за домашни работи Тереза Меј изјави дека е зголемено нивото од закана за тероризам како одговор на можните напади од Сирија и Ирак. Според неа, тоа значи дека има голема веројатност Британија да се соочи со терористички напад. Но, како што нагласи Меј, разузнавачките служби немаат сугестии оти таквиот напад е неизбежен.

Обезглавувањето во Сирија на американскиот новинар Џејмс Фоли, наводно од страна на британски државјанин ги поттикна барањата за поголеми безбедносни мерки на лицата кои патуваат од земјата на Блискиот исток за да им се придружат на милитантите групи.

XS
SM
MD
LG